Италијанската крајбрежна стража соопшти дека вчера координирала со акција за спасување на околу 6.500 мигранти од брегот на Либија.
Како што наведе на Твитер крајбрежната стража, командниот центар координирал 40 спасувачки операции, во кои учествувале бродови од Италија, како и европската гранична агенција Фронтекс.
– Спасени се 6.500 мигранти, нагласи италијанската крајбрежна стража.