Околу 500 луѓе се евакуирани поради пожар во картонска населба во Сеул

Од:

Околу 500 луѓе се евакуирани денеска откако избувна пожар во картонската населба Гурјонг во близина на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, соопштија претставници на противпожарната служба.

Како што соопштија, изгореле околу 40 куќи на површина од 1.700 квадратни метри.

Пожарот бил изгаснат по петчасовна борба со огнената стихија, а на терен биле распоредени околу 800 пожарникари и 10 противпожарни хеликоптери.

Засега нема пријавени жртви.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул, кој моментално престојува во Швајцарија на Светскиот економски форум во Давос, повика на сеопфатни напори за минимизирање на штетите, изјави денеска неговата портпаролка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски