Околу 400 загинати од поплавите во Пакистан

Од:

Бројот на жртвите во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија Пакистан, достигна 372 лица, соопштија денеска властите.

Од поројните дождови се погодени речиси 4,5 милиони луѓе, а разурнати или оштетени се над 275 илјади домови.

Најтешка е сосотјбата во провинцијата Синд, каде загинаа повеќе од половина од жртвите.

Дождовите кои започнаа кон крајот на август зафатија површина од 1,76 милиони акри и предизвикаа значителни штети за земјоделството.

Помош на настраданите лица обезбедуваат спасувачките екипи на земјата, помогнати од армијата. Спроед меѓународните хуманитарни организации, Пакистан досега не побарал помош од нив, но во тек се заеднички програми за оценување на штетите.

Би можело да ве интересира

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати