Околу 40 илегални имигранти се удавија во Средоземно Море, изјавија преживеаните 240 имигранти од Гана, од Гамбија, од Сенегал и од Брегот на Слоновата Коска, чии два гумени чамци се превртија.
Илегалните имигранти беа спасени во неделата од трговски брод од Малта, а денеска пристигнаа на италијанскиот остров Сицилија. Тие со гумени чамци тргнале од Либија, пренесува Фена.
Меѓу преживеаните има најмалку 32 малолетни лица, а две се на возраст од пет и седум години.
Во меѓувреме, италијанската крајбрежна стража сооопшти дека во рок од три дена спасила речиси 7.000 луѓе.