Околу 1.000 бездомници ноќеска правеа немири на улиците на Цирих, со кражби на продавници, палење автомобили и кршејќи ги витрините и прозорците, на што полицијата одговори со употреба на гумени куршуми, солзавец и водени топови, соопшти полицијата.
Немирите започнаа доцна синоќа, кога повеќе од илјада луѓе се собраа на неодобрен собир во близина на зградата во која живеат од 2006 година. луѓе кои останаа без покрив над главата, а за која властите соопштија дека планираат да ја испразнат, се вели во соопштението на полицијата во Цирих.
Нелегално вселените бездомници и нивните поддржувачи, инаку членови на екстремната левица, почнаа да се движат низ градот палејќи автомобили и уништувајќи продавници пренесува АФП.
За време на немирите уништен и оштетен е имот во вредност од неколку стотици илјади швајцарски франци, објави швајцарската новинската агенција АТС.
Полицијата објасни дека користела гумени куршуми, солзавец и водени топови, но нагласи дека никој не е повреден и дека никој не е уапсен.
“Градската полиција ќе стори сé што е во нејзина моќ одговорните да се изведат пред лицето на правдата”, вели циришката полиција.