OHCHR: Хамас и палестинската полиција извршија злосторства против стотици Палестинци

Од:

Хамас и полициските сили во Појасот Газа претепале, осакатувале и јавно егзекутирале десетици Палестинци за време на војната со Израел, извршувајќи воени злосторства, се вели во денешниот извештај на Обединетите нации.

Извештајот на Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) документира стотици случаи на вонсудски егзекуции во окупираната палестинска енклава, која е разорена од војната, честопати извршени јавно за да се внесе страв кај локалното население, објави АП.

„Овие случаи вклучуваат егзекуции, пукање во колена, кршење коски со метални цевки или бетонски блокови и тепања, кои сторителите ги претставувале како казна за наводна соработка со Израел, грабеж на хуманитарна помош, кражба, прекршоци поврзани со дрога или членство во сопернички групи“, се вели во извештајот на OHCHR.

Би можело да ве интересира

Најмалку двајца Палестинци се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас

(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Горан Наумовски

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски

Хамас избра нов лидер

А1он

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа