Охајо: При напад во Синсинати убиено е едно лице, а 15 се повредени

Од:

Едно лице загина утрово, а најмалку 15 се повредени при напад во ноќен клуб во Синсинати, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на локалната полиција, која соопшти дека нападот го извршиле „неколку лица“.

Нападот се случил во ноќниот клуб „Камео“ околу 1.00 часот по локално време, соопшти полиција во Охајо.

Полицискиот претставник Ким Вилијамс наведе дека властите во Ојахо не се сигурно што го предизвикало нападот во ноќниот клуб, напоменувајќи дека во сабота навечер во тој клуб има голем број млади лица и дека и претходно таму имало инциденти.

– Сепак ова е најлошо до сега, нагласи Вилијамс.

Повредените се хоспитализирани, а неколку лица се во животна опасност.

Се уште никој не е задржан како осомничен, а полицијата ги испитува сведоците.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран