Огромни протести по разрешувањето на министерот во Израел: „На работ сме на граѓанска војна“

Од:

Огромен број луѓе синоќа ги преполнија улиците на израелскиот град Тел Авив, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го отпушти својот министер за одбрана поради неговото противење на планираните реформи во судството. Демонстрантите вееја израелски знамиња, скандираа „демократија“ и блокираа улици и мостови.

Демонстрантите запалија пожари на неколку места на автопатот Ајалон, испуштајќи густ, црн чад кој се издигнува во воздухот. Тие се собрале и покрај автопатот, каде палеле дрва, додека имало исклучително малку полициски сили, пишува CNN.

Политичката криза во Израел се продлабочи вчера, кога канцеларијата на Нетанјаху преку соопштение објави разрешување на министерот за одбрана Јоав Галант, бидејќи беше првиот член на владата кој повика на привремено суспендирање на контроверзните планови за ревизија на судскиот систем на земјата.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го смени министерот за одбрана Јоав Галант од функцијата“, се вели во соопштението.

Галант се залагаше за запирање на судските реформи во говорот во саботата вечерта, кога Нетанјаху беше надвор од земјата во официјална посета на Обединетото Кралство.

Министерот за економија Нир Баркат, поранешен градоначалник на Ерусалим, предложи Нетанјаху да „запре и повторно да го пресмета“ својот план за реструктуирање, предупредувајќи дека тој ја довел земјата на работ на граѓанска војна.

„Реформите се неопходни и ние ќе го направиме тоа, но не по цена на граѓанска војна“, рече Баркат.

Би можело да ве интересира

Израелците пет месеци протестираат против реформите во судството

Договорениот прекин на огнот во Појасот Газа не се почитува, Палестинците истрелаа ракети кон Израел

Ана Ололовска

Двајца Палестинци загинаа во израелска операција

Ана Ололовска

Израелците го убија лидерот на Исламскиот џихад: 25 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во акцијата

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

Илјадници Израелци повторно излегоа на улиците за реформи во судството

Ана Ололовска