Огромна заинтересираност за посетата на папата Франциско на САД

Од:

Десетте илјади билети за литургијата која папата Франциско ќе ја отслужи кон крајот на месецов во Филаделфија, биле резервирани за само 30 секунди, соопшти локалната надбискупија.

Уште во вторникот за две минути биле разграбани десетте илјади билети, чии сопственици ќе можат да го слушнат словото на Светиот отец пред Осмата световна средба на семејствата во Филаделфија на 26 септември.

Литургијата ќе се одржи следниот ден, во неделата, на авенијата „Бенџамин Френклин“ пред Филаделфискиот музеј на уметноста.

Билетите за двата настана беа бесплатни и заинтересираните можеа да ги набават на интернет.

Папата Франциско се очекува да пристигне во САД на 22 септември. Следниот ден е предвидена негова средба со претседателот Барак Обама во Вашингтон, а на 24-ти ќе одржи говор пред Конгресот, по што поглаварот на Римокатоличката црква ќе замине за Њујорк. На 25 септември тој ќе се обрати во ОН.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија