Огромен украински напад со дронови на Русија, затворен аеродром и мост на Дон

Од:

Сообраќајот на мостот над реката Дон во областа Калачев во рускиот Волгоградски регион е привремено ограничен за расчистување на остатоците од „масовниот“ украински напад со беспилотни летала, соопшти утрово канцеларијата на регионалниот гувернер.

Гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, во објава на апликацијата за пораки Телеграм, изјави дека никој не е повреден во нападот. Во моментов нема информации дали мостот над реката Дон, петтиот најдолг во Европа, е оштетен.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана уништила 39 украински беспилотни летала преку ноќ над руска територија и Кримскиот полуостров, вклучувајќи 13 над Волгоградскиот регион.

Аеродромот во Волгоград беше затворен повеќе од три часа пред сообраќајот да се врати непосредно пред 7 часот наутро по локално време, соопшти рускиот орган за цивилно воздухопловство Росавијација.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води