Централна Шведска е зафатена од огромен шумски пожар, најголем на подрачјето на Скандинавија во последните 40 години, во чие гасењето денеска се приклучија и француски и италијански канадери, објавија шведските власти.
Два француски канадера „ЦЛ-415с“, што долетеле од база во близина на Марсеј на југот на Франција, им се придружија на италијанските канадери во гасењето на пожарот што од 31 јули беснее во близина на градот Сала.
Шведска не поседува канадери, а во гасење на пожарите користи хеликоптери, што им помагаат на противпожарните бригади.
Пожарот кај Сала веќе уништи 100 квадратни километри шума, а огнот вчера ја зема и првата жртва, откако еден 30-годишен маж беше пронајден мртов во близина на патот околу кој беснее пожарот.
Шведската министерка за европски прашања Биргита Олсон ги пофали Франција и Италија затоа што „покажале конкретна солидарност“.