Ограничено движењето во Стокхолм

Од:

Шведската полиција изврши евакуација на луѓето од централната железничка станица во Стокхолм, што е во близина каде претходно беше извршен напад со камион.

Патниците кои требаа со воз да отпатуваат за Гетеборг беа принудени да останат во вагоните.

И пратениците не смеат да ја напуштат зградата на Парламентот, кој исто така е во близина на нападот.

Учениците кои беа во кино, што се наоѓа на улицата Дротингатан не смеат да го напуштат објектот. Деновиве во Стокхолм се одржува детски кино фестивал.

Полицијата апелира луѓето да го избегнуваат центарот на главниот град на Шведска.

Метрото во Стокхолм целосно е затворено.

Камионот со кој беше изведен нападот, во кој загинаа три лица, претходно бил украден од фирмата „Спендрупс“.

Шведскиот премиер Стефан Левен претходно изјави дека неговата земја е нападната и оти се укажува дека станува збор за терористички напад.

Тој додаде дека едно лице е приведено под сомнение дека е поврзано со нападот.

Портпаролката на Шведската разузнавачка служба САПО, Нина Олдермалм Шеј наведе дека ударот со камион е „намерен напад“.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица