Официјално забранети истополови бракови во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уставен амандман со кој официјално се забрануваат истополови бракови во Русија.

Дефинирањето на бракот како заедница само на маж и жена е дел од групата уставни реформи изгласани од Русите на 1 јули 2020 година. Од тој пакет, кој беше поддржан од скоро 78 проценти од Русите, најпозната е одредбата што му овозможува на Путин да се кандидира за уште два шестгодишни претседателски мандати,па така до 2036 година да владее со Русија, пренесува „Јутарњи лист“.

Во истиот пакет уставни измени, Путин доби доживотен имунитет од гонење.

На 5 април Путин официјално ги потпиша уставните амандмани и овозможи нивно стапување во сила.

Истополовите бракови се веќе нелегални во Русија, така што новата формулација во Уставот всушност дополнително го утврдува тоа и им отежнува на истополовите двојки да добијат шанса за еднаквост со хетеросексуалните двојки.

Тоа исто така значи дека ЛГБТ-лицата нема да можат да посвојуваат деца.

Оваа одлука не е изненадување за Русија на Путин, каде што геј и квир заедниците се соочуваат со чести насилства и дискриминација, а познатата забрана за „геј пропаганда“, со која се забранува дистрибуција на сè што се смета за про-ЛГБТ, постои од 2013 година.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот