Официјален Берлин: Две европски лаборатории потврдија дека Навални е отруен со новичок

Од:

Германската Влада денеска соопшти дека две специјализирани лаборатории во Франција и Шведска потврдиле оти рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отруен со нервен агенс новичок.

Претходно, присуството на таа супстанца кај Навални потврди и германска воена лабораторија.

Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, денеска изјави дека примероци се испратени и до Организацијата за забрана на хемиско оружје и оти ќе ги тестира во нејзините референтни лаборатории.

– Ја повикуваме Русија уште еднаш да се изјасни за овој случај. Ние сме во близок контакт со нашите европски партнери за понатамошни чекори, додаде тој.

На Навални му се слоши на 20 август во Русија, во авион, по што беше префрлен во Германија, каде од тогаш е на лекување.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски