Одобрена номинацијата на Вилијам Бар за секретар за правда на САД

Од:

Комитетот за правосудство на Сенатот на САД денеска ја одобри номинацијата на републиканецот Вилијам Бар за нов американски секретар за правда.

Според најавите, американскиот Сенат во текот на следната недела ќе треба да се изјасни за изборот на Бар на функцијата.

Републиканците во Комитетот искажаа пофални зборови за Бар, кој е предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, додека демократите изразија стравување дека тој би можел да ја попречи истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното руско мешење во претседателските избори во САД во 2016 година.

Сепак и републиканците и демократите оценија дека Бар е човек кој добро ги познава работите во Министерството за правда и кој својата успешна кариера не му ја должи на Трамп.

Бар, кој по професија е адвокат специјализиран за корпоративно право, на почетокот на 90-те години веќе беше американски секретар за правда во Администрацијата на тогашниот претседател Џорџ Буш Постариот.

Би можело да ве интересира

Трамп соопшти дека Вилијам Бар веќе не е министер за правда на САД

Ана Ололовска

Вилијам Бар со критика до Трамп: „Со неговите твитови ми ја попречува работата“

А1он

Вилијам Бар: „Вратата е отворена за индициите на Руди поврзани со Украина“

А1он

Сенатот го потврди Вилијам Бар за државен обвинител на САД