Одложена е евакуацијата на цивилите од Мариупол, руските напади не престануваат

Од:

Евакуацијата на цивилите од Мариупол е одложена, соопшти градскиот совет.

Украинците велат дека руската страна не го почитувала привремениот прекин на огнот.

-Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило, изјави заменик градоначалникот Сергеј Орлов.

„Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени да бегаат, но не можат да излезат додека продолжува гранатирањето“, кажа Орлов.

Во соопштението на градската управа се наведува дека жителите треба да се разотидат и да најдат засолниште, а наскоро ќе добијат и повеќе нови информации.

Градоначалникот на Мариупол претходно за Би-Би-Си изјави дека во тек е гранатирањето на градот и дека на секои три минути паѓа по една граната.

Полицијата низ градот со мегафони ги информира граѓание за одложувањето на евакуацијата.

Би можело да ве интересира

Зеленски објави важна вест: Утре..

Каква е реалната ситуација на терен: За Украинците отчукува часовникот, нема големи шанси за пробив

Цените на нафтата паѓаат, Русија и Саудиска Арабија планираат да ја зголемат понудата

Русија: Уапсивме човек од Крим кој и даваше информации на Украина

(ВИДЕО) Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“: „Од сега па натаму работи за мене“

Украински дрон погоди руска електрана