Одеса втор ден по ред е цел на руски напади

Од:

Одеса наводно била цел на руски напади во текот на ноќта, откако веќе претрпе голем напад вчераутро.

Украинската јужна воена команда во раните утрински часови објави соопштение во кое се вели дека Русија напаѓа со беспилотни летала и дека постои закана од ракетен напад, додека на жителите им било советувано да одат во засолништа.

Официјални лица подоцна изјавија дека сите 20 беспилотни летала биле уништени од силите за воздушна одбрана. Во средата три лица загинаа, а најмалку 13 беа повредени во руски ракетен напад врз Одеса, соопштија украинските сили.

Властите соопштија дека противвоздушната одбрана соборила два руски крстаречки ракети „Калибр“, лансирани во средата наутро, но нападот сè уште ја погодил цивилната инфраструктура, вклучувајќи деловен центар, образовна институција, станбен комплекс, ресторани и продавници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија на Нова година го нападна Киев

Запре испораката на руски гас за Еврпската унија преку Украина

Илон Маск: Зеленски, ти си најголемиот шампион за грабеж

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Напад со дронови на складиште за гориво во Русија

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на словачкиот премиер да отвори нов фронт“

Катерина Ѓуровски

Путин ги заостри казните за бунт против државата

Катерина Ѓуровски