Одбраната предлага „домашен затвор“ за Оскар Писториус

Од:

Одбраната во судскиот процес против јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус на денешната прва расправа околу изрекувањето на казната, побара најпопуларниот спортист во Јужна Африка да не биде затворен, туку да биде казнет со три години „домашен затвор“.

Барањето на одбраната го образложи офицерот за осудените на условни казни, кој беше повикан од адвокатите на Писториус. Тој рече дека покрај домашниот затвор, параолимпискиот спринтер би требало да биде осуден и со извршување на општествено корисна работа.

Обвинителот во процесот Гери Нел остро реагираше на ваквото барање на одбраната,нарекувајќи го „шокирачки несоодветно“ за стореното дело.

Писториус беше прогласен за виновен,на крајот од судскиот процес што заврши минатиот месец. Судијата во процесот пресуди дека тој е виновен за ненамерно убиство,на својата девојка Рева Стенкамп, но го отфрли барањето на јавното обвинителство,спортистот да биде осуден за намерно и смислено убиство.

Од ваквата пресуда остана незадоволно обвинителството кое го чека изрекувањето на казната, за да одлучи дали да се жали на пресудата. Гневна беше и реакцијата на семејството и најблиските на Стенкамп, кои сметаат дека Писториус треба да одговара за убиството на нивната ќерка.

Познатиот спортист се уште се соочува со можноста да биде осуден до 15 години затвор, иако неговите адвокати не веруваат во затворска казна, затоа што законите на земјата предвидуваат дека судијата може и да ја суспендира казната или дури и да определи само парично санкционирање.

Судијата при изрекувањето на пресудата,сепак,го означи однесувањњро на Писториус како „небрежно и несовесно“, кога пукал во својата девојка низ затворената врата на бањата во неговата вила во Преторија.

Инцидентот се случи на Свети Валентин, минатата година, во доцните вечерни часови, откако двојката се вратила од прославата на празникот на вљубените. Писториус по трагичниот случај, а и на судењето тврдеше дека пукал во Стенкамп по грешка, мислејќи дека во бањата има провалник.

Изрекувањето на казната е одложено за наредните денови.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ