Одбележан роденденот на поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил

Од:

Северна Кореја ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на поранешниот лидер Ким Џонг Ил без ракети и воена парада, но со голем собир на отворено на ниски температури, јави денеска државната агенција.

Неговиот син, актуелниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун, го прослави Денот на светлата ѕвезда, кој ја одбележува годишнината од раѓањето на неговиот татко, во завеаниот Самиџион, во близина на планината Паекту, каде што, според официјалната историја, на 16 февруари 1942 година е роден Ким Џонг Ил.

Фотографиите објавени во севернокорејските медиуми покажуваат голем број луѓе собрани пред статуата на Ким Џонг Ил за да го „прослават големиот празник на нацијата“, јави официјалната новинска агенција КЦНА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка