Од воениот преврат во Мјанмар се убиени 581 лице

Од:

Најмалку 581 лице е убиено во насилствата и воениот удар на 1 февруари во Мјанмар, покажуваат најновите податоци на организација за заштита на човекови права.

Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), со седиште во Тајланд, соопшти дека во изминатите 24 часа биле убиени 11 лица. Според организацијата, бројот на загинати се искачи на 581, а приведени се вкупно 2.750 лица.

Во исто време, издадена е потерница за 463 лица кои беа против пучот.

Армијата на Мјанмар изврши претрес во црквите во Качин во потрага по демонстранти.

Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни.

Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси членовите на Владата, меѓу кои и лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.

Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска