Од следната година мобилните во Индија ќе мора да имаат копче за помош

Од:

Сите мобилни телефони кои ќе се продаваат во Индија од 1 јануари 2017 година ќе мора да имаат копче за аларм, кое на корисникот ќе му овозможи итен повик за помош, соопшти индиската Влада.

Властите донеле ваква одлука поради загриженоста за жените по зголемениот број извршени злосторства врз нив во изминатите години.

– Од јануари следната година мобилните телефони ќе треба да имаат и вграден уред за следење, лоцирање, објави индиското Министерство за комуникација и технологија.

Во соопштението се објаснува дека „со долго притиснување на бројот 5 или 9 на мобилниот телефон се воспоставува итен повик. На смартфоните сигналот дека корисникот е во опасност се испраќа со три кратки притиснувања на копчињата за напојување“.

Индиското Министерство не сакало да открие други детали од овој систем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати