Владината канцеларија за медиуми во Газа објави дека убиството на дописникот на Ал Џезира, Мохамед Вишах, го зголеми бројот на убиени новинари од војната во Газа на 262.
Канцеларијата ги осуди убиствата и „систематското таргетирање, убивање и ликвидација на палестински новинари од страна на израелските окупатори, објави Ал Џезира.
„Ги сметаме израелската окупација, администрацијата на Соединетите Американски Држави и земјите соучесници во злосторството геноцид, како што се Велика Британија, Германија и Франција, за целосно одговорни за извршување на овие гнасни и брутални злосторства“, се вели во соопштението.
