И покрај продолжението на економската несигурност, во првите четири месеци оваа година надвор од границите на својата земја патувале 285 милиони туристи, што е 5% повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Светската туристичка организација очекува од мај до крајот на август на патување да тргнат околу 415 милиони туристи, па така оваа година да заврши со 3 до 4 % повеќе меѓународни туристички патувања. Инаку, според предвидувањата на оваа организација годинава се очекуваат милијарда туристи ширум светот.