Од Косово до Португалија, уапсени 46 трговци со луѓе

Од:

Во полициска акција против шверцери на бегалци, во која беа вклучени полициите на Шпанија и Албанија и надлежните безбедносни служби на Австрија, Франција, Италија, Словенија, Португалија, Велика Британија, САД, Косово и Европол, уапсени се вкупно 46 лица кои се дел од криминална мрежа што им овозможувала на бегалците илегално да влегуваат во Британија и САД.

„Истрагата, предводена од шпанската полиција со меѓународна полициска поддршка и соработка, резултираше со разбивање на организираната криминална група вклучена во трговија со луѓе и изработка на лажни лични документи и патни исправи“, соопшти Европол.

Како што е наведено, билансот на полициската акција е: 46 уапсени, два претреса во куќи, заплена на фалсификувани лични документи, финансиски документи, електронска опрема, пари и разни наркотици.

Истрагата е започната во 2019 година поради голем број фалсификувани лични документи на бегалци од Западен Балкан.

Акцијата беше координирана од Европол, кој обезбеди размена на доверливи информации и аналитичка и форензичка поддршка.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

Судењето на хрватските брачни парови осомничени за трговија со луѓе одложено за наредниот месец

А1он

Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

„Европол“: Драматично зголемување на нападите врз банкомати

Катрин де Бол: Трикратно зголемување на размената на информации меѓу Бугарија и Европол

А1он