Од ЕК со најава за план за заштита на избори од лажни вести и говор на омраза

Од:

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова вети дека заштитата на фер и слободни избори од лажни вести и дезинформации ќе биде меѓу централните точки на планот на активности за заштита на европската демократија што Европската комисија има намера да го донесе до крајот на годинава, пренесоа полски медиуми.

„Заштитата на изборните кампањи од лажни вести ќе биде една од централните точки на Акцискиот план за европска демократија што ќе го донесе ЕК до крајот на годинава“, рече комесарката на ЕУ, Јурова, за време на дебатата во Европскиот парламент во понеделникот.

Потпретседателката на ЕК одговори на прашањето на Магдалена Адамович од полската опозициска Граѓанска платформа за тоа што ЕК има намера да направи за да гарантира фер и фер избори кога во многу земји државните и јавните медиуми водат кампања на дезинформации и говор на омраза против опозицијата во изборните кампањи.

Јурова рече дека ЕК ќе го објави првиот годишен извештај за владеење на правото во сите земји-членки на ЕУ во септември и дека претставниците на ЕК во моментот вршат виртуелни посети на земјите-членки заради вирусот, и дека извештајот може да вклучува проценка за итните мерки преземени од страна на владите.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска