Од Австрија најмногу протерани Европејци

Од:

Австрија минатата година протерала 4.700 луѓе, а најголемиот дел го сочинуваат Европејци.

Повеќе од 60 отсто од протераните лица се со потекло од европските држави. Меѓу нив најмногу се Словаци, Срби, Унгарци, Романци. Дури 2.100 протерани лица се граѓани на ЕУ, што изнесува 45 отсто.

Ако на тоа се додадат Срби, Македонци, Албанци и Бошњаци, тоа значи дека 63 отсто од сите протерани се од Европа.

Се работи за лица без дозвола за претстој, невработени, лица кои сториле кривично дело.

На прво место од земјите, од каде потекнуваат протераните, е Словачка со 600 луѓе, следуваат Срби, Унгарци и Романци, а дури потоа Нигеријци, Грузијци и Авганистанци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он