Од 28 февруари во Франција без маска во затворени места кои подлежат на пропусницата за вакцинација

Од:

Во Франција продолжуваат олеснувањата на здравствените мерки, така маската повеќе нема да биде задолжителна на затворените места кои подлежат на пропусницата за вакцинација од 28 февруари, со исклучок на транспортот, соопшти денеска Министерството за здравство, истакнувајќи дека тоа се должи на „подобрувањето на здравствената состојба“, јави дописникот на МИА.

-Носењето маска во затворен простор ќе се одржува во транспортот и затворени места кои не подлежат на пропусницата за вакцинација. Во другите затворени места кои подлежат на пропусницата за вакцинација, носењето маска повеќе нема да биде задолжително“, се наведува во соопштението на Министерството.

Во средата, на 2 февруари, Оливие Веран објави, на БФМТВ, дека размислува за крај на носењето на задолжителната маска во затворени простории со тоа што ќе ја услови со пад на контаминацијата од вирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина