Обвинителството бара парична казна за Навални во случај за клевета

Од:

Руското обвинителство побара опозицискиот лидер Алексеј Навални да плати парична казна од 12.962 долара поради клевета на ветеранот од Втората светска војна, Игнат Атременко.

Во новата судска постапка Навални се товари дека го клеветел ветеранот, кој во промотивно видео минатата година ги поддржал уставните измени насочени кон јакнење на моќта на претседателот Владимир Путин. Уставната реформа му овозможува на Путин по 2024 година да се кандидира за уште два мандата доколку тоа го сака.

Според Навални, обвинението против него е „политички мотивирано“.

Навални верува дека случајот е обид на Кремљ да го наруши неговиот углед. Кремљ тврди дека не се меша во судството.

На почетокот на овој месец, судот го осуди Навални на речиси три години затвор поради кршење на условна казна. Западот ги осудува постапките на Русија и размислува за воведување нови санкции.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија