Американските специјални обвинители денеска побараа од судот да отфрли две кривични постапки против новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп – за обид за промена на неговиот пораз на изборите во 2020 година и за задржување доверливи документи, се наведува во судската пријава.
Во предлогот од шест страници за отфрлање на случајот за мешање во изборите во 2020 година, обвинителите рекоа дека иако Трамп сè уште не е претседател, канцеларијата на генералниот совет на одделот, која обезбедува внатрешен правен совет, им кажала да се откажат од случајот пред неговата инаугурација во јануари е Гардијан.
„Одамна беше ставот на Министерството за правда дека Уставот на САД забранува поднесување федерално обвинение и последователно кривично гонење на актуелниот претседател. Оваа забрана е категорична и не влијае на тежината на кривичното дело кое се товари, силата на доказите на Владата или заслугите на обвинителството, зад кои целосно стои Владата“, напиша главната заменичка на Смит, Моли Гастон.