ОБСЕ стравува од ескалација на насилствата во источна Украина

Од:

Меѓународните набљудувачи денеска издадоа остро предупредување поради ескалацијата на насилството во источна Украина, каде холандски тимови се обидуваат да дојдат до деловите на урнатиот малезиски авион МХ17.

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) соопшти дека „степенот на насилство на источна Украина и ризикот од ескалација на судирите се во пораст“.

– Повеќе од два месеци по потпишувањето на протоколот од Минск (за прекин на огнот), борбите се уште продолжуваат“, рече Мајкл Боциуркив од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина на прес-конференција во Киев.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност Федерика Могерни, пак, во Берлин изјави дека шефовите на дипломатијата на ЕУ на состанокот во Брисел во понеделник ќе разговараат дали да бидат воведени построги санкции кон Русија, како и за начините да се најдат начини за помош на Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион