ОБСЕ: Ракетите се истрелани од проруските сили

Од:

Истреланите ракети, од кои вчера загинаа најмалку 30 луѓе во Мариупољ, дошле од териториите кои ги контролираат проруските сили, објавија набљудувачите на ОБСЕ.

Организацијата утврди дека ракетите „град“ се истрелани од североисток, а ракетите „ураган“ од исток, од два правца под контрола на силите на самопрогласената „Доњецка Народна Република“.

Лидерот на ДНР, Александар Захарченко вчера објави дека проруските сили започнуваат нова голема офанзива на Мариупољ, а неколку часа подоцна изјавил дека неговите трупи „се уште ја чуваат силата“ и оти не преземале „никакви активни операции во градот“.

Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ соопшти дека во околината на Мариупољ биле регистрирани 19 ракетни напади, но сигурно биле и повеќе. Во извештајот се наведува дека на територијата со површина од 1,6 на 1,1 километар биле гаѓани еден пазар, продавници, станбени згради и едно училиште.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија