ОБСЕ пристигна на местото каде се урна малезискиот авион

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска соопшти дека нејзини набљудувачи заедно со холандски и австралиски експерти пристигнале на местото каде се урна малезискиот патнички авион пред две недели во источниот дел на Украина.

„Набљудувачите на ОБСЕ пристигнаа на местото на авионската несреќа првпат по речиси една недела, заедно со холандски и австралиски експерти. Користевме нова маршрута за приод до местото на несреќата“, соопшти меѓународната организација.

Украинската војска ја прекина денеска офанзивата во близина на местото на уривање на малезискиот авион, со цел да им се овозможи на групата меѓународни експерти да работат, потврди украинскиот Штаб за спроведување на антитерористички операции.

Во соопштението се наведува дека тоа било спроведено по барање на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и дека е прогласен „ден на ОБСЕ“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици