ОБСЕ го зголеми бројот на своите набљудувачи во Украина

Од:

Специјалната мисија за набљудување на ОБСЕ во источниот дел на Украина е проширена за 500 лица, изјави денеска заменик шефот на мисијата Александар Хуг.

Од нив 350 лица ќе работат во самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“. Нивна задача ќе биде да ја следат ситуацијата и да помогнат за мирно решавање на конфликтот.

Хуг истакна дека ОБСЕ не се занимава со истрагата за причините за несреќата на малезискиот авион во Донбас во јули оваа година. Тој додаде дека набљудувачите на ОБСЕ засега не регистрирале закани по безбедноста на холандските експерти кои работат во зоната на авионската несреќа.

– Во овој момент ја оценуваме ситуацијата на местото на несреќата како безбедна, објасни Хуг.

Истовремено, Мосва ги обвини набљудувачите на ОБСЕ во Украина дека де факто го поддржуваат Киев.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион