ОБСЕ доби поддршка за патоказите од сите учесници на Женевската средба за Украина

Од:

Патоказите за решавање на кризата во Украина на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) доби поддршка од Русија, САД и Европската унија и од Владата во Киев, соопшти Организацијата.

Претседателот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидие Брукхалтер изминатите денови одржа консултации на високо ниво за патоказите со четири страни, потписнички на Женевската спогодба од 17 април и доби позитивен одговор од Украина, Русија, САД и ЕУ, се додава во соопштението.

ОБСЕ напомена дека документот предложен од швајцарското претседателство треба да помогне за излегување од кризата и за намалување на тензиите на Украина.

Патоказите се засноваат на четири начела, откажување од насилството, разоружување, национален дијалог и одржување на претседателските избори на 25 мај.

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски