Обновено делењето помош за сириските бегалци на јорданската граница

Од:

Обединетите нации соопштија дека ја обновиле помошта за околу 85 илјади сириски бегалци, кои се стационирани на јорданската граница.

Ова е првпат после неколку месеци да им се дели помош на овие луге, меѓу кои најбројни се жените и децата.

Помошта се состои од храна, зимска облека и ќебиња, како и средства и прибори за лична хигиена.

Овие бегалци од Сирија живеат во тешки услови, во два импровизирани кампови, во пустинска област.

Властите на Јордан ја затворија границата за вакви хуманитарни интервенции, во јуни годинава, откако седум јордански војници беа убиени во бомбашки напад, за кој одговорноста ја презедоа џихадистите на Исламска држава (ИД).

Од тој инцидент, биле реализирани само поединечни испораки, главно, само од храна, која се дотура преку кранови.

Сегашната испорака за која јавуваат агенциите на ОН, се остварила по долгите преговори со јорданските воени власти.

Претставник на хуманитарните организации кои дејствуваат во овој регион, најавуваат скорешно отворање и на една импровизирана клиника за пружање здравствствена заштита на лугето.

Според ОН, во Јордан има повеќе од 600 илјади сириски бегалци, додека властите во Аман тврдат дека таа бројка е двојно поголема.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад