Обновени мировните преговори за Јемен

Од:

Во Кувјат денеска беа обновени мировните преговори меѓу претставниците на завојуваните страни во Јемен, кои беа прекината пред една недела на барање на јеменската владина делгација, соопштија специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Исамил Улд Шеик Ахмед.

– Заедничката средба на делагациите вклучени во мировните преговори за Јемен почна утрово, објави Ахмед на својот налог на Твитер.

Мировните преговори за решавање на конфликтот во Јемен, кои започнаа на 21 април, беа прекинати минатиот вторник на барање на претставниците на јеменската Влада, кои ги обвинија шиитските бунтовници Хути дека не ги спроведуваат обврските кои ги презедоа.

Владините претставници бараа Хутите да потпишат писмена изјава во која ќе потврдат дека ја прифаќаат Резолуцијата 2216 на Советот за безбедност на ОН, со која се бара шиитските бунтовници да се повлечат од реоните што ги зазедоа и да го предадат своето тешко оружје.

Но, иако ваквото барање не беше исполнето, по средбата на јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, владината делегација денеска сепак реши да се вртаи на преговорачката маса.

Конфликтот во Јемен се интензивираше во јули 2014 година, кога Хутите, кои властуте ги обвинуваат дека се потпомогнати од Иран, започнаа офанзива против владините сили и презедоа контрола врз голем дел од територијата на земјата, вклулчувајќи го и главниот град Сана.

Во март 2015 во конфликтот се вклучи и Саудиска Арабија, која формираше арапска коалиција заедно со сунитските земји од Пресискиот Залив, која започна воздушни напади врз Хутите.

Подоцна во конфликот се вклучија и армиските сили лојалани на поранешниот јеменски претседател Али Абдулах Салех, кои се здружија со Хутите во борбите против владините сили и арапската коалиција.

Според податоците на ОН, во судирите во Јемен во изминативе неполни две години загинаа над 6.400 лица, а околу 2,8 милиони беа приндени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа