По повод 11-годишнината од нападите на Светскиот трговски центар во Њујорк и Вашингтон, НАСА објави сателитски фотографии направени непосредно по големата трагедија што се случи на 11. септември 2001 година.
Станува збор за две фотографии, една снимена од Меѓународната вселенска станица на 11 септември претпладне, а другата од сателитот „Лансат 7“ на 12. септември 2001.
„Беше многу страшно да се гледа чадот кој доаѓа од „раната“ на сопствената земја од таква „фантастична“ перспектива. Многу се вознемиривме знаејќи дкеа сме во вселената и дел од мисија за подобрување на животот на Земјата, а во исто време гледавме како се уништува истиот тој живот на Земјата со таков намерен и злосторнички чин“, изјави Френк Кулберстон, командантот на експедицијата бр. 3, кој за време на нападот бил во својот вселенски брод.