Објавени првите проекции од резултатите на европските избори

Од:

Според првичните прогнози од изборите во Европскиот парламент, десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) извесно е дека останува најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници.

Европските избори се одржуваа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ.

Трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места.

Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ).

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија