Објавен составот на новата влада на Полска

Од:

Новоименуваната полска премиерка Ева Копач денеска го објави составот на новата влада, во која Радослав Сикорски повеќе не е министер за надворешни работи.

Сикорски, кој седум години ја извршување функцијата шеф на полската дипломатија, веројатно ќе биде иден претседател на Парламентот, должност која ја вршеше Копач пред да биде назначена за мандатар.

Копач за нов шеф на дипломатијата го именува Гжегож Схетина од нејзината партија Граѓанска платформа, а овој избор ја одразува нејзината потреба да го зголеми имиџот на партијата пред општите избори кои ќе бидат одржани следната година.

Схетина беше жесток противник на досегашниот премиер Доналд Туск, кој неодамна поднесе оставка бидејќи во декември треба да ја преземе функцијата претседател на Европскиот совет, а чие седумгодишното управување со земјата е обележано со незапаметена политичка стабилност на Полска.

Педесет и едногодишниот Схетина досега беше претседател на парламентарната комисија за надворешни работи, а порано бил претседател на Парламентот, како и министер за внатрешни работи.

Во новиот кабинет, каде се наоѓаат шест жени, останале голем број на министри од претходниот состав. Тие ќе положат заклетва в понеделник, а Парламентот ќе гласа за нивна доверба на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он