Oбилни снежни врнежи во јужниот и источниот дел на Полска

Од:

Обилни снежни врнежи ги зафатија денеска јужните и источните делови на Полска, предизвикувајќи големи проблеми во сообраќајот.

За само неколку часа голема снежна покривка ги прекри градовите Краков, Лублин и Жепув. Локалните комунални служби соопштија дека досега немало таков случај, само за еден час да падне снег со дебелина од 15 до 20 сантиметри, пренесува Танјуг.

На патниот правец меѓу Краков и планинското одморалиште Закопане има големи застои, а времено е запрен сообраќајот за товарни возила кон границата со Словачка.

Тешките временски услови предизвикаа голем број сообраќајни несреќи. На автопатот А4, во близина на градот Тарнув, автобус со 55 патници излета од патот и се преврете, по што спасувачките екипи беа принудени да ги вадат патниците низ прозорците.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците