Египетскиот министер за внатрешни работи преживеа при обид за атентат, јавија локални медиуми повикувајќи се на силите за безбедност.
Автомобил-бомба паркиран на улица, експлодирал во момент кога крај возилото минувала колона автомобили од полициска придружба во која бил и министерот Мохамед Ибрахим.
Нападот е извршен во близина на неговиот дом во квартот Насар, бастион на исламистите од Муслиманско братство.