Американскиот претседател Барак Обама изрази загриженост поради учеството на Хезболах на страна на силите на Башар ал Асад, во судирите во Сирија.
Тој за својата загриженост разговараше со својот либански колега Мишел Сулејман.
Како што пренесе агенција „Ројтерс“ Обама и Сулејман раговарале во моментот кога сириските опозициски сили соопштиле дека 30 војници на Хезболах и 20 припадници на армијата на Сирија загинале во судирите во градот Кусеир.
Либан до сега се водеше со политиката на дистанцирање од двегодишните сириски судири, но сега постои страв од војната која може да се пренесе и на негова територија, оцени британска агенција.
Според наводите од соопштението на Белата куќа, Обама се заблагодарил на претседателот Сулејман поради прифаќање на бегалците од Сирија, истакнувајќи дека САД ќе продолжи да дава помош.
Последните судири во Кусеир велат дека припадници на Хезболах, шиитска герилска група блиска до Асад, зеле активно учество во сириските судири, што во Вашингтон се оценува како спротивност на либиската неутралност.
Се претпоставува дека од почетокот на судирите во Сирија околу 80.000 лица загинаа.
Елена Георгиевска