Обама во посета на Шведска и покрај кризата во Сирија

Од:

И покрај заострувањето на кризата во Сирија, американскиот претседатл Барак Обама ќе ја оствари претходно планираната посета на Шведска на 4 и 5 септември.

На средбата во Стокхолм со премиерите на Шведска, Данска и Норвешка и со финскиот претседател, ќе се водат разговори, меѓу другото, околу воени прашања и состојбите во Сирија и Египет, пишува „Свенска дагбладет“ повикувајќи се на високи извори во Белата куќа.

– Нордиските земји се мали, но даваат значаен придонес за јакнење на мирот и безбедноста во светот. Сакаме да ја кренеме соработката на повисоко ниво, истакна за шведскиот весник близок соработник на претседателот Обама.

Во текот на посетата значајно место во разговорите ќе имаат и климатските прашања.

Одлуката на Обама да ја посети Шведска беше соопштена на почетокот на август, откако американскиот претседател ја откажа претходно планираната средба со Путин поради аферата Сноуден.

„Свенска дагбладет“ пишува дека Обама ќе пристигне во Стокхолм во придружба на 250 телохранители. САД ја сметаат Шведска за високоризична земја, имајќи ги предвид убиствата на поранешниот премиер Улоф Палме и на министерката за надворешни работи Ана Линд, како и инцидентите со бомбаши-самоубијци кои се случија во Шведска во и други нордиски земји изминатите години.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина