Обама во посета на Берлин

Од:

Претседателот на САД Барак Обама вчера пристигна на воениот дел од аеродромот Тегел, со што започна неговата официјална посета на Берлин.

Пет години по неговиот познат говор во Берлин, претседателот на САД повторно е во главниот град на Германија, во придружба на сопругата и двете ќерки.

Семејството Обама го поздрави министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле.

Во Берлин е на сила највисокиот степен на безбедност, а полицијата ги советува граѓаните да го избегнуваат центарот на градот.

Како што пренесуваат медиумите околу 8.000 полицајци се распоредени во градот, а Обама на располагање има и сопствен автомобил –блиндиран Кадилак.

Претседателот на САД не ноќеваше во познатиот хотел „Адлон“ кај Бранденбуршкат капија, каде што претстојуваат високи официјални лица кога се во посета на Берлин, туку во отмениот„Рич Карлтон“ на плоштадот Потсдамер.

Денес покрај средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Обама ќе одржи централен говор пред околу 4.000 гости на Брандембуршката капија.

Исто така тој треба да се сретне и со лидерот и кандидат за канцелар на Социјалдемократската партија Перо Штајнбрук. Меркел најави дека во текот на средбата со Обама ќе го покрене прашањето за аферата за шпиунажа на американската Национална безбедносна агенција, која што го потресе светот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа