Американскиот претседател Барак Обама изјави дека има доверба во еврозоната и дека ќе ја реши должничката криза.
Но, тој предупреди и дека не смее да се изгуби од предвид главната цел, односно подобрувањето на животот на луѓето.
Според него Европа можеби треба да се прилагоди на економските мерки, за да се намали големата невработеност помеѓу младите.
Невработеноста во еврозоната достигна рекордни 12 проценти, а помеѓу младите во Шпанија и Грција е над 50 проценти.
Елена Георгиевска