Обама стави вето на изградбата на нафтоводот „Кистоун“

Од:

Американскиот претседател Барак Обама стави вето на законот со кој се одобруваше изградба на нафтоводот „Кистоун Екс-Ел“, преку кој би требало да се пренесува нафта од Канада во САД.

Предлог-законот за изградба на нафтоводот во Конгресот го доставија републиканците по долга расправа, но сега  со одлуката на Обама неговата реализација е доведена во прашање.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел најави дека републикаците сепак ќе се обидат да го оспорат ветото најдоцна до 3 март.

Одлуката за ставање вето на законот, Обама ја донесе само неколку часа откако законскиот текст, што беше усвоен од Конгресот, беше доставен на потпис до Белата куќа.

– Со овој закон Конгресот се обидува да го заобиколки долготрајниот и докажан процес за утврдување дали изградбата на прекуграничниот нафтовод е во национален интерес или не, наведе Обама во образложението на одлуката за вето.

Според реубликанците, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, изградбата на нафтоводот ќе овозможи отворање на нови работни места, што би придонело за намалување на невработеноста.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски