Обама со поголема поддршка во клучните држави

Од:

Над 50 проценти од жителите на Флорида, Пенсилванија и Охајо, кои се сметаат за клучни американски сојузни држави за претседателските избори, планираат на 6 ноември да гласаат за актуелниот претседател Барак Обама, покажуваат резултатите од анкетата на Универизтетот во Квинипиак, Си-Би-Ес Њуз и „Њујорк тајмс“.

Помалку од сто дена до изборите 51 процент од анкетираните во Флорида планираат да го поддржат Обама, а 45 отсто од нив ќе гласаат за кандидатот на републиканците Мит Ромни.

Педесет и три проценти од анкетираните во Пенсилванија својот глас ќе го дадат за Обама, а 42 отсто за Ромни.

Педесет отсто од испитаниците во Охајо ќе го поддржат кандидатот на демократите, а 44 отсто кандидатот на републиканците.

Од 1960 година секој избран американски претседател ја имал поддршката барем во две од овие три сојузни држави.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски