Американскиот претседател Барак Обама, на три недели пред изборите, има поддршка од три отсто повеќе потенцијални избирачи отколку неговиот противкандидат, републиканецот Мит Ромни, покажува анкетата на „Еј Би Си Њуз“ и „Вашингтон пост“.
Денеска објавените резултати од испитувањето на јавното мнение покажуваат дека за Обама во овој момент би гласале 49 отсто, а за Ромни 46 отсто од избирачите, што е речиси идентично со резултатте од анкетата од пред две недели, непосредно пред првата дебата на двајцата кандидати, што се оддржа во Денвер.
Речиси две третини од гласачите изјавуваат дека не им се потребни повеќе информации за претседателските кандидати пред денот на изборите, 6 ноември, додека еден од осум испитаници се уште се нема одлучено за кого ќе гласа или истакнува дека има шанса да го промени своето мислење пред гласањето.
Иако голем број избирачи сметаат дека првата дебата меѓу претседателските кандидати ја доби Ромни, големо мнозинство од нив изјавуваат дека од тогаш не го сменија своето мислење за тоа за кого ќе гласаат.
Втората претседателска дебата ќе се оддржи утре во Њујорк.