Обама сака да ги затвори двете најопасни компании во САД

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја продолжи серијата обраќања во врска со економијата, и во говорот што вчера го одржа во Феникс почна со конкретни предлози и најави дека ќе го поддржи затворањето на огромните државни заемодавачи Фени Меј и Фреди Мек.

Овие две компании, кои даваат заеми поддржани од страна на државниот буџет за купување на недвижен имот беа главната причина за катастрофалниот пад на пазарот на недвижностите во 2008 година, кој ја предизвика економската криза во САД и добија статус на „најопасни компании во државата“, пренесува МИА.

– Премногу долго време на овие компании им се дозволи да прават огромен профит купувајќи хипотеки, знаејќи дека ако нивните вложувања се покажат лоши, даночните обврзници ќе останат да го покријат нивниот долг. Ситуацијата беше, ако се падне петка, јас победив, ако биде глава – ти загуби. Тоа беше погрешно, изјави Обама за време на неговото обраќање во Феникс.

Двете компании добија помош од државата од 187 милијарди долари по пропаста на пазарот на недвижностите, пари од кои досега успеале да вратат само 60 милијарди. Компаниите, кои заедно држат околу половина од американскиот пазар на хипотеки за купување недвижности, им позајмувале пари на банките кои пак издавале кредити на граѓани кои купувале куќи и станови кои немале можности да ги исплатат.

Во јуни, сенаторите Боб Коркер и Марк Ворнер поднесоа предлог закон со кој ќе се укинат Фени Меј и Фреди Мек и ќе се формира нова државна агенција за субвенционирање на пазарот со недвижности, и претседателот Обама вчера најави дека ќе го поддржи овој предлог.

Во моментов, над 80 проценти од американските хипотеки се на некој начин поддржани од страна на државата, и Обама оцени дека тоа е неиздржлива ситуација која може повторно да доведе до непромислени вложувања во надеж дека државата повторно ќе го покрие долгот.

– Мораме да го охрабриме работењето за профит. Но, времето кога тие што се обидуваат да остварат профит можеа да очекуваат државна помош доколку пропаднат помина. Тоа ја доведува целата држава во опасност. Ќе ставиме крај на тие денови, изјави Обама.

Двете најзначајни американски партии, во пресрет на падот во 2008 година, поддржуваа закони со кои се стимулираше купувањето недвижности од посиромашните граѓани, во обид на тој начин да се прошири средната класа. Но, државното вложување пари во пазарот на недвижности доведе до нереално зголемување на цените, и инвестициски ‘меур’ кој пукна и предизвика огромна штета за целата економија.

Се очекува Обама да добие поддршка во Конгресот за овој предлог. Но, во првичните реакции на неговиот говор опозициската Републиканска партија потсетува дека како сенатор, тој бил еден од најголемите добитници на донации од компаниите Фени Меј и Фреди Мек, кои на овој начин обезбедувале се поголеми средства за нивните инвестиции.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски