Обама: САД не се во војна со исламот

Од:

Претседателот на САД Барак Обама денеска изјави дека САД не се во војна со исламот, туку со луѓето што ја извртеле верата.

Обама нагласи дека припадниците на екстремистичката Исламска држава и терористичката мрежа Ал каеда не се верски лидери, туку терористи.

Американскиот претседател во своето обраќање на Конференција за борба против насилниот екстремизам, одржана во Белата куќа, нагласи дека ниту една религија не е одговорна за насилство и тероризам, додавајќи дека сака да повика за толеранција во САД и пошироко.

Обама, исто така, се заложи првенствено да се направат напори да се спречат терористите да регрутираат нови борци.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД